Се гледаме низ темни стакла
јас и ти,
некои други луѓе се затворени во градот
барем се убедливи додека не глумат
доволно глупави, доволно паметни
без компромиси за трачерската смеа
нахрани ме…
бели автопати до црвенилото на ужасот
твојата кожа со боја на коњак
додека влегувам полека
претпазлив и сам во сликата за тебе
нахрани ме…
ги знам сите твои обични изговори
начинот на кој гласно молчиш
потполно сигурен во твоите зборови
треба само да ти верувам и ќе помине
како сонце после дожд
нахрани ме…

потрага по зборовите на јазикот
кој одамна е исчезнат
јас и ти,
потрага по нови бои кои го голтаат
секој дел од нас
нешто како милување, нешто како гордост
нахрани ме…
мојата наивност го определува ритамот
на твоето срцебиење
твоите мисли ми го заебуваат мозокот
и крвта останува да ѕвони со денови
нахрани ме…
гладни зеници ја преминуваат
линијата на разумот
против себеси, против сите
грди зборови како нож
повторно во огнот
нахрани ме…
би сакал слободно да трчам
низ отворите на твојата градина, непречен од никого
а сосема свесен за твоето присуство,
би сакал да пијам од изворите на твојата злобна фонтана
колку да ги удавам своите стравови, колку да се исчистам
од валканостите на векот, повторно да се родам
просветлен, разбуден, заситен
нахрани ме…
21 декември, 2007
Категории: Сегашност . Автор: Morfin . Коментари: 4 Коментари