Катран

Реката истекуваше кон меѓуножјето на студените облакордери, не како валкана вода, туку како чист катран. Се потпиравме така со Кали на оградата од мостот и гледавме напред во катранот, размислувајќи на глас за рибите заглавени во него, обични комарци во килибар. Некаде од кај џамиите се тепаше некоја пустинска мелодија, топла и заканувачка истовремено, означувајќи […]

Перспективи

Лево-десно [1] лево-десно лево-десно лево-десно лево-десно лево-десно лево-десно лево-десно! Ако си зашеметен, не се грижи. Сега ја имаш животната перспектива- на еден шизофреничар. [1] Оваа песна се чита исклучиво со брзи, отсечни движења на главата.  

Големa желба

Градска улица. Густ сообраќај и гужва. Температурата е 35°С. Прав се лепи врз мојата пот. Случајно погледнувам кон планините. Останало едно бело парче со снег. Помислувам, колку би сакал, сега да сум таму и веќе сум на пат.

НАХРАНИ МЕ

Се гледаме низ темни стакла јас и ти, некои други луѓе се затворени во градот барем се убедливи додека не глумат доволно глупави, доволно паметни без компромиси за трачерската смеа нахрани ме…   бели автопати до црвенилото на ужасот твојата кожа со боја на коњак додека влегувам полека претпазлив и сам во сликата за тебе […]

Увогнезд

  Искреноста моја е темпераментна и жива, низ борба, без мудрост, таа трага по мирот.   Да бидам вредна, а во тоа доследна, не е доволно, без радост.   Сепак има искра, импулс и крик дека ќе го преведам зборот ‘earnest’ на мајчиниот јазик.