Мореконци

Кога биле пацулчиња, мали ѓаволчиња, Мореконците по цели денови, барем така велат Крмаците, се беселе по дрвата сред центарот на градот. Ловеле гугутки за кога ќе ги фатат, да се испентарат над нечија клупа и потоа како од туба за темперна, да истискаат сочна бела какушка од испаничената птица право врз главите и рамениците на […]

Паѓам

На ѕидот ја имам Анри Матизовата “Падот на Икар”. На сликата Икар                         пропаѓа                               во длабочините                                                 на темното небо, со едната рака посегајќи, по многуте жолти ѕвезди. Понекогаш го гледам Икар,                                          па себеси; себеси,             па Икар… и не можам да се одлучам кој […]

Два погреба и венчавка

„Наташка, разбуди се“ со мил глас ја будеше баба и’ Душка. „мммм… “ пром’мла таа рассонувајќи се. „Колку е саат?“ „Седум. Ќе одиме со дедо ти во Битола, еве ти го клучот од нашиот стан, дај и’ го после на мајка ти“ „… што ви текна сега да одите?“ „Умрела баба Митра, Бог-да-ја-прости“ „Добро бабо… […]

Приказ

… углед на битници … Кисело пладне бива разбивано сас горко кафе. Ноќ гу пројде гњурејќи низ још ед’н бел с’н. Квалитет на спање ми е отсликан у сивило испод очи. У тремор на руке. Читам “сурфери мавани од пендреци на кенгруски континент, затој што сакав да га уловив бран кој се јавља ед’н пут […]

Поезија-Вежби

Ах! Секундите се едносложни стапки, А ги има се помалку секој час, На крајот останувам само јас, Без еден лист во моите тетратки. Од монотонијата во вашиот глас Раката ми трепери под белата креда. Вели да се откажам додека вредам, Со зборови-песни, со тенор и бас. Конечно и од Петрарка сонет, Лошо преведен, читам пред […]