— — —

Како се црта права линија? Ме праша едно дете кое чуваше змии во една голема сина кофа. Извадив пенкало ама немав хартија, па на раката му нацртав права линија но на погрешната страна – тој, сепак, не можеше да ја види.

Фотографии

Што би направиле доколку видите дека некој фрла туѓ живот на улица? А што доколку видите дека некој го фрла вашиот живот на улица? Чекам јас така на пешачки, да ја поминам Рузвелтова (која веќе многупати фигурирала во моите текстови), кога поминува запрежна кола пред мене, со постар човек што го боднуваше коњот и двајца […]

Шуќур, Бамби е мртов

Не престанаа да цвичат ни кога мајка му на Боби се исфрли на балкон, брефтајќи, „Мали мочковци, ако моиве очи уште еднаш ве зграпчат во таа позиција, ни Бог ни Алах нема да ви ги спасат газињата.“ Беше приквечер и зимската темница се натрупуваше како стогови сено избањати во црно мастило. Само блескањето на неонки […]

Хуманитарец

Ќе се зафатам со поучување на неписмените. Голема штета е за нив, што не знаат да читаат… па не прочитале ниту една моја песна.

Пиво (втор дел)

Се заборавив мочајќи..