НАХРАНИ МЕ

Се гледаме низ темни стакла

јас и ти,

некои други луѓе се затворени во градот

барем се убедливи додека не глумат

доволно глупави, доволно паметни

без компромиси за трачерската смеа

нахрани ме…

 

бели автопати до црвенилото на ужасот

твојата кожа со боја на коњак

додека влегувам полека

претпазлив и сам во сликата за тебе

нахрани ме…

 

ги знам сите твои обични изговори

начинот на кој гласно молчиш

потполно сигурен во твоите зборови

треба само да ти верувам и ќе помине

како сонце после дожд

нахрани ме…

 

Концепт еден (zewlean)

потрага по зборовите на јазикот

кој одамна е исчезнат

јас и ти,

потрага по нови бои кои го голтаат

секој дел од нас

нешто како милување, нешто како гордост

нахрани ме…

 

мојата наивност го определува ритамот

на твоето срцебиење

твоите мисли ми го заебуваат мозокот

и крвта останува да ѕвони со денови

нахрани ме…

 

гладни зеници ја преминуваат

линијата на разумот

против себеси, против сите

грди зборови како нож

повторно во огнот

нахрани ме…

 

би сакал слободно да трчам

низ отворите на твојата градина, непречен од никого

а сосема свесен за твоето присуство,

би сакал да пијам од изворите на твојата злобна фонтана

колку да ги удавам своите стравови, колку да се исчистам

од валканостите на векот, повторно да се родам

просветлен, разбуден, заситен

нахрани ме…  

 

4 Коментари

  1. Коментар од Филозоф on декември 23, 2007 6:27 pm

    Види, види!
    Можело значи, да се начне смисленост низ стихови, а?
    Добар ритам, а и `hit me` на крај на секој такт.

    Давај уште…

  2. Коментар од Внукот on мај 12, 2008 8:54 pm

    Поклон пред ремек делото!

  3. Коментар од бездомна on мај 12, 2008 9:20 pm

    Хах, која случајност да те „сретнам“ по вторпат. :)))) Поздрав и со среќа во се‘ она што ти претстои. Се читаме. 😉

  4. Коментар од бездомна on јуни 8, 2008 4:32 pm

    Не ми „работи“ gmail-от па ја користам приликава да го изразам моето најискрено допаѓање на твојата последна песна. :)

Comments RSS TrackBack Identifier URI

Се извинуваме, но коментарите се затворени.