Будење

Гранка од дрвото,

тоа што расте во градината

под мојата соба,

во која често не можам

да си ја најдам

капата за сонце

па престанувам да ја барам,

во која скоро секогаш на масата,

стои расфрлан куп хартии

и еден стар фотоапарат

кој татко ми го позајми

од неговиот брат,

кој, пак, го чуваше на таванот

од куќата веќе подолго време,

– удри силно во прозорецот

и ме разбуди во пет наутро

Заспаниот Бартон (Wилена)

:: На авионот Борсел – Скопје ::

 Гледајќи назад кон детството (Ана Јакимска)

Летавме низ Франција со госпоѓа Паштета и нејзината говедо од ќерка кога турбуленциите ни дадоа до знаење дека журката допрво почнуваше. Ќелавиот човек пред мене веднаш почна да се моли на некој негов англиски бог иако бев сигурен дека порано тој се молел и да си ја задржи косата, ама ете, ништо. Јас, од друга страна, му се молев на богот за производство на авиони, затоа што, си викам, тој сигурно има само една и единствена намена, па поголеми се шансите да ме ислуша, нели, не како шалтер во МВР, по 18 намени кај што и пола е премногу.

12.05.2004-лав

Во Утрински весник мојот хороскоп гласеше вака:

Некој би можел да ви каже дека сте посветени на работата,

но набрзо ќе почне да се сомнева во вашето ментално здравје.

до каде може да отиде твојата фантазија,

Во врска со моето ментално здравје?

Хедбенгер (Wилена)

Разрушувачка добрина

пред да почнеш да расудуеш, осуди се одунутра …

Предозираност од предрасуди

Чучавац ги гл`та прашкасти остатци

заедно сас згужвану фолију.

Испосечуеш си га език здробувајќи

га цевче од пенкало.

Одиш и заплашуеш, и пцуеш

зашто е лето, и зашто овија не пуштав паре”.

Повеќе…

Прекрасна ноќ

            Во една свежа мајска ноќ, Петре и Ѕвездана се шетаа низ градскиот парк. Петре јадеше семки, а Ѕвездана сончоглед. Потоа, во едно старо градско маало, седнаа на една клупа и долго разговараа. Им беше многу пријатно.

            Откако Петре ја испрати дома, влезе во лифтот и си рече колку добра вечер, во огледалото, во неговата насмевка, на неговите заби, виде црна лушпа од сончоглед.

 Под дрвото, покрај езерото (Димитар Петровски)

Права воздржани НМП 2006-2007