„Но, што се па тие јарци толку интересни кога постои и мечка што зборува? И уште понатаму да ве прашам, другар, нели е малку претерано од страна на Каубоецот да ми се заканува со пиштол секогаш кога ќе спуштам шепа врз моите вошки? Не, не менувам тема јас, вошките ја менуваат...“

Мечката

Никој ножот на времето го нема почувствувано на своја кожа баш онака како што го има почувствувано големата црна мечка на Допелгангер. Позната како вселенски силно животно во ’60-те и ’70-те од минатиот век, во средината на ’80-те Мечката почна да поткуцнува, а на почетокот од ’90-те, таа и засекогаш остана без задната десна шепа. Огорчена по ваквиот развој на настаните, Мечката се заглави фино во својот кафез и од тогаш само се дебелее без да расте и, повремено, влегува во напади на чешање. Зошто таа е воопшто вклучена во истрагата околу Мудрите Јарци, а не, да кажеме, голтачот на оган, Мефисто, е тешко да се каже – дури ни ситната љубомора што таа ја чувствува кон јарцитe не може да го скокне фактот дека таа долго не мрднала од својот кафез...