АИ некогаш. Пред неколку години, во потрага по нови предизвици и места за себедокажување, АИ го навлече синото одело и и се приклучи на НМП машинеријата.
По долга и напорна работа, 32 силно притиснати заби во системот падни-стани, се разви конструкција на првиот НМП сајт. Дали таа примитивна .html табла личеше на нешто? Дап, тоа беше еден сосема арен сајт, и уште побитно, тоа беше сајт со можност за многу повеќе...
АИ денес. Големиот архитект ужива во повеќе мали задоволства, но умерено и во исто така мааали количини: девојка, дружење, музика, тестирање софтвер, интернет, точак, скејт...
Функција во некои општествени рамки: студент. Главна преокупација: разглобување на философските акспекти на учењето, наместо учење.
АИ во иднина. Сé уште во потрага по нови животни предизвици и делумно прифаќање на наложби од Големата Џиновска Глава. Иако не сака да признае, тој веќе размислува за верзија 2.0 на арниот сајт.