Ентитетот “Слободан Јаќоски” започнува да егзистира
во орвеловската 1984, кинеска година на Стаорецот.
Од мал ја зачудувал околината со своето познавање на биологијата, и со своето нејадење
на чоколокуми. Неговата глава, веројатно генетски
предодредена, станува транзит зона за секакви космички отпадници: духови на претенциозни
поети-космонаути, неуспешни театарски режисери, постмодерни снобови, а во последно време
хибридни домати – пазарни експерименти. Сака ангели (паднати или не). Моментално работи
на ппотрагата по Мудрите Јарци, заедно со извесни белгиски вафли, поранешни сеир мајстори,
векторски близнаци, женски означени со заменки, боемски секс-скулптори итн.
|