Иван Петрушевски 1985
 

...да, сега, недела, 10:48. Куќа до куќа, стан до стан, луѓе се будат, спремаат јајца на око, прелистуваат стари весници... „Даглас Адамс издал нова книга, миличок!“ „Но, тоа е невозможно! Тој е мртов веќе 18 години. Како вчера да беше: 11 мај 2001, срцев удар, штета...“ Зад ќошот на некоја Катедра по Историја, излегува осамено огледало. Заклучило дека е конформист по природа – каде и да е оди, ликот му станува само одраз на околината... Год. 1985, во главниот град на една социјалистичка земја се раѓаат близнаци, Иван и Јован, анти-огледала во хорорскоп. Главниот лик на оваа прикаска, Иван , ќе порасне во колекционер на парчиња пластика со трип-хоп музики и сурови тепачки игрици... понесен од естетиката на Крис Канингам, Мичел Гондри и неименуваниот творец на хиероглифи, тој ќе создаде серија векторски ремек-дела. Но, тука не е крајот, тој работи на нешто ново дури и сега...

Некој Мисли Поинаку

ivan-bliznak