Јасна Димитровска 1983
 

Јасна Димитровска, со своето доаѓање на свет не промени ништо во него, освен дневните навики на своите родители.

За време на своето образование не зазема некој радикални ставови и не се бунтува против основниот поредок на нештата поради нејзиниот став дека „ако не ги знаеш правилата, не влегувај во играта“, па ни тогаш ништо не се промени околу неа.

Како што минуваше времето и нејзините соученички започнуваа да ги менуваат широките панталони и плочите од Џим Морисон, со високи потпетици, пудриери и излегувања во диско, кај Јасна се случи спротивното. Впрочем таа никогаш не беше фан на високите потпетици, ни излегувањата во диско па би можеле да речеме дека беше приморана на тоа од страна на преживувачкиот инстинкт наречен конформизам и главниот фактор наречен друштво. Сепак ништо не се промени.

По еден период на талкање, реши да се посвети на учење на правилата само за атерот на нивно кршење, и трпеливо го чекаше тоа време да дојде. Се уште го чека. Реши да не се обидува да менува ништо, освен себе си.

Наредните години учеше да жонглира со книжевноста и дигиталната уметност па така природно беше да се приклучи на НМП - еден колектив од жонглери кои успешно ја владееа таа дисциплина со надеж еден ден да се приклучат на циркусот Допелгангер, а ако не го пронајдат, да формираат сопствен циркус.

Неподнослива Многузначност на Постоењето

Yasnah