Митко Доновски 1984
 

Даниел Дејл Џонстон смирено подучува: „Забораваш кој си во потрага по сонот што исчезнува.“ Дождовниот Човек се повлекува за миг од компјутерот и се исправа над последната скица. На неговото лице нема траги од проблемите на лудиот Дејли, барем не сега. Маја ќе влезе секоја секунда, нема време за такви работи. Можеби после град и изложбата во Погон, ако не, сто посто тогаш после ска свирката кај Невидливиот. Или требаше прво да направи серија фотки од Скопје со Близнаците? Чек да види што има во распоред. Кај е распоредот...? А, да, кај фотоапаратот... Море му треба нов апарат... или не? Го загледува, го превртува и брзо брзо истрчува надвор, барем додека не дојде Маја. Времето е таман за сликање, ко сон што исчезнува...

Нулта М Протокол

rrainman