Пластични чаши во ветрот
и малку локум за заборав.
Кој ќе ги испие нашите сништа?
Само маска во костум на прагот.
Разделени браќа од друго време
и салветки за бришење нос.
Кој ќе ги избрише нашите траги?
Едно око со црвена грутка на работ.
Би извадиле ножеви
Би нашле луѓе
Би викнале гласно
Би изградиле куќа...
...во некој друг век
...во некој друг свет
Топла вечера за сите гладни
и по еден воспален потпис на вратот.
Кој ќе ги замени старите коски?
Расипано јајце заглавено во мракот.
Расипано јајце заглавено во мракот
Расипано јајце заглавено во мракот...
|