Кога сивите улици се полни
Излегува тој од својата куќичка
Се чеша два пати по левата веѓа
И тргнува напред со тефтер во рака.
Не се истите луѓе од вчера, не
Не на истата улица, не.
Ги запишува со бројка десно
Засекогаш ќе останат статистика.
Дури и кога ќе одат во Грција.
Посебно тогаш.
Понекогаш кога се шета вон градот
Сфаќа дека надвор нема ништо.
Само планини и други неми статистики.
Му се смеат, понекогаш го тепаат
Но, тие остануваат тоа што се –
Статистики во синиот тефтер.
Кога улиците се празнат
Тој се враќа во својот кревет
Сонува статистики и моливи
Понекогаш дури и пенкала.
|