Пет осиромашени кралеви
се шетаат сакатично
низ песните мои
што никако да еволуираат.
Еден ден, кралевите ме прашуваат:
„Бараме да ни дадеш
песни што ќе еволуираат!
Ќе можеш или да ја викаме
сенката на твојот џин?“
Прават опасно лице
и јас гледам збунето,
ама што ми е гајле
ги бришам, ги убивам...
Пет збогатени курви
се шетаат бомбастично
низ песните мои
што никако да еволуираат.
|