поздрави ги сите, мама, отидов до јокохама  
 
 
 
 

 

Џорџ Мекохан и Тин Пан Али
ме собраа со нив во една биртија под Кноке
Али ми шепна, „Ништо не и фали,
а и Зигмунда, слушам, таму пеела ноке.“

И отидовме така сите стакато,
во секое бедро по едно едро
со секоја капка јазик што шлапка
И не знам зошто, не знам како
ми текна на полноќ за Око Сакато.

Беше ли тоа Холандија, ’45-а
беше ли тоа гром од празен пиштол
Си викам, така, „Како времето лета,
се случи тоа тогаш пред Бристол.“

И му кажав на Џорџи низ пола вотка
дека тогаш бев мал, дека тогаш бев кал
дека кога дознав се смеев, ревносно блеев
И знам за Јокохома, и знам за болка
но тој разбра се во полигола голтка.

Со Џорџ Мекохан и Тин Пан Али
Се церекавме така во биртија под Кноке
Џорџи ми шепна, „Ништо не ти фали,
сите сме мали, особено ноке.“