Mаалските производители на митови од постар ков велат дека под Скопје лежи огромно Подземно Езеро. Така тие ја објаснуваат плодноста на скопската котлина. Меѓутоа, нарушувањето на рамнотежата (поплавата 1962) помеѓу Езерото и Улицата може да биде фатално (земјотресот 1963) по градот. Вистина или мит, разбирањето на ова таинствено подрачје (со моќ дури и да го запре времето!) како наша колективна потсвест може да не доведе до интересни и застрашувачки параболи.