Тука некаде се среќава првото лице на НМП: галерии достапни на допир и од различни автори, покривајќи различни креативни моменти од фотографии и монтажи до вектори и стикери. Прашање што расцутува како јасмин во врела вода: дали е ова вистинското лице на НМП? Секој, ама баш секој што создава знаци ја збогатува оваа страна и, на тој начин, станува мистик во нашиот нескромен обид да го преобличиме  (подобриме?) глобалниот град при нас. Дали тоа значи дека зад лицето се наоѓаат и десетици, стотици, други лица, секое исто така лажно и вистинито колку и секое друго? Кловн шепти зад завеса: „Лицето е регресивна фантазија...“