Живееме во Светот на Знаците, средина во која секој подвиг, секоја површна забелешка или сликичка се лепи за нашите маски и ни дава нов лик = потреба. Некои знаци се бесплатни и доаѓаат во пакет со годишните времиња, но за повеќето се неопходни пари = време да ги задоволат новите потреби... Елем!... На секоја полупотезна полна месечина, НМП стапува во кампања за масовно производство на знаци - заведувачи гладни по нечија љубов. Без грижа, сите жртви се виновни од глава до пети: така НМП гради – тула по тула – знаковен шатор за вечните изгореници, да ги крене угоре и спроти најжабестите дождови на дигитално Скопје!