НМП сака да верува дека неговите линкови се до луѓе и идеи, а не до сајтови. Дури и ако прифатиме дека интернет мрежата не го ослободи човечкиот дух од неговото ограничено тело како што некои гатачки предвидуваа, таа сe уште може да го издигне индивидуалецот над неговата средина. Дали станува збор за политичка далавера во Јужна Африка, кошаркарски меч во Бразил или мисла начкрабана во Прилеп, интернетот има од сe по нешто и тоа на тони. Листата на луѓе и идеи што ви ја нудиме и не е така долга, но сепак, претставува одреден почеток, бегол поглед кон една река податоци која со својата вода, којзнае, може и да ви каже нешто за самите вас. Малите делчиња прават големи мозаици.