Ние сме мудри јарци. Штета само што сме толку занесени со одразот во огледалото.
Малку повеќе да обрнувавме внимание на ситуацијата околу себе, којзнае, можеби немаше
да ни умрат рипките во аквариумот, ниту да не напуштат луѓето што ни значат. Среќа наша
што гупите и другарчињата од градинка не се целиот свет, па можеме се уште да најдеме
задоволство во мавтање со опашките. Нормално, ние и тоа го знаеме, бидејќи ние сме мудри
јарци. Кое и да е сегашното време, нашиот проблем секогаш ќе биде само како да го тргнеме погледот
од нашиот одраз во мониторот. Штом еднаш го направиме тоа, потоа е лесно.