НМП е колектив генетичари на популарната култура. Како шушкање во воздухот при преслушување на винил од Леб и Сол, НМП е концепт – остаток од некои други времиња префрлен во дигиталната работилница за знаци и икони, со цел да го прероди чувството на припадност меѓу луѓето. Сегашните бранувања и психотропни патувања низ светот на уметноста и образованието не се ниту во тек со збиднувањата на пошироката сцена, ниту се доволни чести и инспиративни за маалските занесеници. А, маалските занесеници ни се најважни, не? Ние сме мудри јарци, па знаеме: само во движење низ различните димензии на реалноста можеме да ги видиме ирисите на ближните. НМП е еден вид на движење, церебрално и духовно. НМП е реакција, како супер-трактор сред Плоштад. НМП е софистициран виц на сечија сметка. НМП е колективна халуцинација.

 
Следен Пасус Претходен Пасус