Нема нова Револуција, ниту Нов Илинден. Како и би можело да има ако нема
зошто и кого да почастиме со криви очи? Секој сам одговара за сопствените постапки, премии и
грешки. Тој што ја бара својата крв на туѓи мантили, само конструира комплицирани ситеми на
омраза. Тука и се крие причината за нашата разделеност и боемска апатија. Во деноноќијата
крај Вардарот ни наш, работиме според неправилни принципи: идејата е поставена како светост
над акцијата. Конгреси, пазарски муабети, форуми… во снедоглед. Улиците и зградите од нашите
фотографии истекуваат во море од анемични желби и визии додека ние висиме на порно сајтови
и лажно се респектираме едни со други.