Нема мистериозни и нацифизирани каубојци што не пратат од другата страна на огледалото. Нема тоа, пројде со партизаните, сега се е чисто при нас; дури и виртуелните совети на кукларите. Каубоецот и неговата надалеку прочуена злоба, второоделенски кажано, се само мит. Човекот во средиштето на таа митологија нема ни поим дека постоиме и многу веројатно, без разлика на тоа дали има пиштоли на појасот или не, мирно си го јаде чизбургер оброкот (со среден помфрит и кока-кола) додека ние читаме манифести. Така, да се тргне кон остварување на некоја идеја што плука оган врз знамињата на каубојските идеали е еднакво на самоубиство од заседа, фрлање компјутер врз заспан лав. Се додека машинките за бркање на индијанскиот свет работат како подмачкани со вазелин, тие се неизбежните сегашност и иднина, и единствен начин парче од големиот колач да дојде и на наша трпеза е преку уште поентузијастичко играње со истите машинки. А, ние сме доволно симпатични за едно колаче, не?

 
Следен Пасус Претходен Пасус