НМП е колектив генетичари на популарната култура; НМП не постои за да п********а, туку за да проектира нови светови. За поединецот да меша субсонично-собраниски муабети сред оброк или тура ракии не мора да има целосно развиен мозок – за такво нешто доволно е и да си папагал. Тажно, но вистинито, денес мноштвото папагали и страчки патат од комплексот на Златно Славејче – висат везден по околното зеленило и се повеќе го форсираат својот поглед на светот низ комуникациските канали: според болните клунови, секоја птица знае повеќе од тоталитарците – водачот е симулант, а никој не му може ништо. Инормално, тука пак имаме разлика меѓу кажаното и виденото. Јарец завлезен длабоко во светот на својот монитор и полн со ставови за универзумот наоколу е нерелавантен за тоталитарецот колку и мртва чавка. Така и ќе биде се додека п*********о се дигестира пасивно. Многу поефикасен е оној што сам креира фрагменти од реалноста.

 
Следен Пасус Претходен Пасус