Разбирањето меѓу луѓето е одамна кренато на едно ново ниво кое допрва треба да се истражува. Се е поделено на своите елементи и секој елемент поставува одделна врска низ која се разменува блок информации. Деталите бараат специјализација. Не е прашање на избор – луѓето на улица несвесно се адаптираат на суптилните новини. Кој пред 15 години сериозно верувал дека денес скоро секој ќе има мобилен телефон? Кој пред 15 години бил соочен со отсуството на разлика меѓу лошото (јајце, наизглед нормално) и доброто (јајце, наизглед нормално, а всушност клонирано)? Кој пред 15 години знаел дека денес ќе биде 15 години постар и нему ближните ќе бидат поинакви заради тоа? Единствено нешто што е секогаш константно низ период од 15 години е присуството на луѓе со заби во устата и нос меѓу очите, што едноставно сакаат да продадат нешто. Консумеризам без граници: реклами со реномирани поети, потреби на идот и разлики во цените на одделни продукти. Никогаш пијано друштво нема да пее во име на пазарната економија, но тоа не е ни потребно – таа се подразбира.

 
Следен Пасус Претходен Пасус