НМП е група автори на слики и потреби. Се е рекламна кампања, не само во
килобајтите од брадичките на мудрите јарци. Тинејџерката што се шета низ школскиот ходник со
цилиндерче тутун во уста е подвижна слика, информација, реклама. Нејзините минато, сегашност и
иднина не се никогаш битни. Прашање е дали ја приметуваме. Ја приметуваме, ли? Продуктите не
постојат старозаветно гледано, но она што е зад нив постои – смисла, нагон, потреба. Како со руски
постмодернистички цртани, НМП си игра со брадичките на мудрите јарци и рекламните пораки во нив,
затоа што таму се крие изразот на сегашноста. Ако поединецот најлесно може да реагира на кратки и
сликовити прикази, тогаш таа форма мора да се истражи, па макар и да е базирана на непостоечки
“продукти.” За Скопје и пошироко.
Не сме сами. Продолжуваме.