Знаците мора да се множат. Дали сме слатки снегулки, дали сме пожарникари суперхерои, знаците мора да се множат и тоа е тоа. Никој со здрав разум не прашува: „Зошто немаш знаци во џебовите?“ Во даден момент, или ги немаш или ги имаш и тоа е тоа. А подобро е, нели, да ги имаш. Вратите што зјаат отворени и водат кон горните или долните катови (но, секогаш водат некаде) човек не може ни да ги види без призмата на своите знаци. Сликички, зборови, звуци, нови форми, нови облици... нови светови.

НМП е машинерија за производство на знаци за масовна употреба, или така нешто барем би сакале да кажеме за нас одвреме-навреме. Ако бидеме малку поискрени – НМП е група од индивидуалци кои едноставно сакаат да му понудат малку поубава и покорисна слика за светот на светот (какво клише, а?). Потенцијалот на НМП, значи, како и кај сe што се надоврзува на индивидуалното, е бесконечен, НО САМО ПОД УСЛОВ НМП постојано да расте. Затоа и си ни толку неопходен, о драг посетителу: без тебе стигаме до небото, а со тебе и над него.

Затоа, ПРИКЛУЧИ СЕ со твојот талент кон овој колектив и покажи и на белосветската мрежа од што си направен!

 

Вектори, фотографии, фото-манипулации, фрактали, флеш анимации, стихови, раскази, коментари, мешани медиуми, скулптури, акварели, амбиентални траки... секое уметничко дело е добредојдено!

Дали сакате да бидете истакнати како индивидуален автор со сопствена галерија или сакате да бидете дел од интернет тимот, дали веќе имате конкретен проект зад себе или пак допрва почнувате, добредојдени сте во секој случај!

Пополнете ги празните полиња подолу или испратете писмо на kontakt@nmp.com.mk со вашите податоци (име, телефон, веб адреса) и интереси/коментари/прашања, за да стапиме во контакт. Пратете писмо и ако не сте сигурни околу вашето присуство на НМП. Секоја, ама баш секоја можност за соработка ќе ја расчепкаме, размуабетиме и разгледаме. Зајакот обично се крие тука некаде...

На крај на краишта, знаците едноставно мора да се множат.

ПРИКЛУЧИ СЕ НА НМП!!!

 

Име:

Е-адреса:

Тема:

Порака: