Simplexity, или како што некои (во поретки прилики) го нарекуваат, Дамјан Цветков- Димитров, инаку негово вистинско име веќе 20 години, има направено некои нешта, и има избегнато некои други нешта, што наизглед резултира во одредена тенденција да се прави нешто повеќе и нешто помалку од куп други идеи што произлегуваат од надворешни извори.
Снажна јарост проследена со лаење и гризење по празни балони што најнакрај пукаат е честа практика во неговиот концептуален свет, и има афект во што и да прави (како, на пример, супа од патлиџани или миење садови).
Го користи компјутерот за да ја задоволи потребата по интелектуално задоволство низ аудио и некои други алтернативни активности.