Јован Петрушевски 1985
 

Браќата близнаци Петрушевски се родени во Скопје, за време на окупацијата. Јован растел во немаштија на работничка фамилија и затоа уште од мал работел каде ќе сможел и што било. Се школувал во вечерното училиште “Зеф љуш Марку”, каде окупаторските сили не успеале да го скршат неговиот народноослободително-креативен дух. Потоа, во илегала, се запишува на студии по Екологија на катедрата за Биологија на Природно Математичкиот факултет во Скопје, каде го трпи бремето на тивок протестант против востановените професорски критериуми на Окупаторите. Тешките услови го натерале заедно со брат му Иван да работи во фабриката за вектори “Пиктоплазма”, но истовремено таквиот мачен живот му овозможил непосредно да навлезе во сржта на угнетениот македонски бит. Тоа речиси природно ќе резултира во неговото активно учество во програмата на Народната Македонска Партија, каде ќе го земе своето оружје – векторот и ќе тргне во нарооднослободителниот јуриш врескајќи: Некој Може Подобро!

Непознато Магнетно Поле

muffin57, bl1znak