Се тркалаат бавно ѕвездите, пулсирајќи во здивот на мечето некаде на пола пат меѓу сонцето и месечината. Суперхерои од Јапонија до САД и џуџиња измолкнати од процепите на пар хит песнички трчаат наоколу нафукани со лошо кафе. Додека летаме во тесното седиште на прастар авион, за момент ги тргаме слушалките во надеж дека трип поп хаосот ќе продолжи и без нас. |
|