Александра Христов 1985
 

За Неа се зборуваат секакви работи, од кои тешко може да се разграничи што е вистина, а што е само плод на чаршиското мит-занаетчиство. Како малечко девојче, велат, била појака од сите малечки момчиња, а за нејзините успеси во џамлии се заинтересирале и некои кинески менаџери, која ги одбила под образложение дека не го знаат името на нејзината земја. Така, заради навидум банални причини, одбила и многу други примамливи понуди во текот на нејзиниот живот, дури и под закана за мачење со пердуви. На 9 години, иако сеуште малечко девојче, успеала да закуца со мал баскет. На 12 години, пеела во хор, а кога ќе го чуеле Нејзиниот глас златните славејчиња правеле игранка. На 18 години, издала две андерграунд списанија, што замалку не предизвикале бунт во едно скопско средно школо. Подоцна, ја занемарила револуционерната работа (но, дали?), и се концентрирала на домашно производство на вектори и на фотогорафии, живеејќи повлечено во близина на Водно. Сепак нешто не е јасно со нејзините дела: дали тоа се скриени значења под безопасната естетика, или пак неверојатна естетика под очигледните значења? Дали Таа е цврста однадвор, а мека одвнатре, или пак цврста одвнатре, а мека однадвор? Ете такви елементарни хемиски прашања ќе се запрашаш, о драг посетителу, кога ќе ја посетиш Нејзината галерија. Пријатен пат таму, и со среќа! (П.С. Во чаршијата се зборува и дека со нејзините компјутерски фотороботи и флеш апликации им е зад петици на Мудрите Јарци, и дека е само прашање на време кога таа ќе ја добие ветената богата награда за нивното пронаоѓање!)

Не Мисли Просто

she0ne, Таа