Долгата грива на крилестиот ат што ја надлетува мојата тераса
Трепери како кученце при средба со злобна коска
Се обидувам да ја дофатам, да полетам, но не можам
Влечките можат да ми испаднат при скокот
И атот сигурно ќе одлета до некоја друга тераса
Ќе понесе некој друг.
Тоа не смее!
Отидов по мојата сачмарка.
|