Лут ајвар
на твојот јазик
и нешто вода
во твоите очи.
Погледни низ прозор
и ќе презреш се,
луѓе, камиони,
птици, лампиони.
Сода во уста
и тажни очи
спроти тебе
туѓо лице.
Го презираш,
те презира,
не презира,
се презира...
Лут ајвар
на твојот јазик
и нешто луѓе
скршени на мразот.
И нешто луѓе
скршени на мразот,
и нешто луѓе
скршени на мразот.
|