прсти  
 
 
 
 

 

Кутро девојче во тесна ноќ
Секоја нота под кожа заглавена
и секој мускул на лицето запленет.

Ја изнесовме во кошница
во 3 наутро, со кошули на стапалата
Газевме далеку и лазевме плитко
Низ железните улици на Борсел
војска од камења

и ја закопавме
Зад Култура, под една канта
Со се кошница
и петлисна детелина
Се смеевме...

Во ходникот се уште стои таа лопата
Пар очи и забите на Исус во неа
црв-црвени на крај од седмиот ден

Таа станува од креветот
и низ прсти ми шепоти:
„Јас ќе си одам.“