На врв од клунот што колва време на арапски, стои кула со гигантска сателитска чинија од чии истакнати усни се протега гласот на телевизиската кутија. Боите во кутијата се малку влево и наопаку, секоја од нив со свое саундтрак парче музика. Но, гордата кула постепено се распаѓа и од нејзиното тело никнуваат нови помали кули со ситни, минијатурни сателити... И како што кулата конечно имплодира во супернова, мини-кулите се издвојуваат во свои орбити, разлетани над етерот во кабловски костими и кабловски насмевки, глад за џева во нивните очи. Таму негде меѓу нив, пролетува со јарешки крилја и НМП РТВ, видеа и mp3-ки тутнати длабоко во клунот што колва време на арапски.