Предговор  
 
 
 
 

 

:: Одамна е познато дека вардарската алвеола НМП е длабоко заинтересирана за случајот на „Мудрите Јарци“ кои исчезнаа под мистериозни околности при гостувањето на нивниот циркус Допелгангер во Скопје. Веќе две години се најавува некакво ѓоамити расветлување на случајот со помош на документ познат лаички како Журнал, но до објавување на тој документ никако да дојде, барем не досега... Причини за ова одолговлекување има секакви – ценкања со Допелгангер, проблеми со полицијата, нејаснотии во текстот, компјутерски далавери, смени на власт и сл. Назначувањето на помалку ексцентричниот Ален Корбин за главен детектив, сепак, го забрза развојот на настаните. Уште при неговото доаѓање, Корбин даде серија изјави за јавноста со кои се фрли ново светло на настаните, а набрзо потоа во дирекцијата на НМП стигна и пакет стенограми од 7-те последни настапи на Мудрите Јарци. Како што веќе најавивме во „Археологија на јарештвото“, финалната верзија на Журналот претставува комбинација од изјавите на Корбин и стенограмите на јарците, едно парче текст за кое сме убедени дека целосно го заслужува вниманието на јавноста. За Скопје и пошироко! ::