По две години патување по македонските интернет сокаци, официјалното координативно тело во потрагата по Мудрите Јарци - НМП пристигна на Улица Скопска, некогаш најфраерската улица во градот, а сега само 100 метарски дух - потсетник на некои минати времиња.
Во вторник, на 10 април, со почеток во 20:00 часот во Press to Exit Project Space започнува првиот дел од изложбата насловена "Улица Скопска", додека вториот дел од истата изложба стартува во 21:00 во Отворено Графичко Студио. На изложбата ќе бидат претставени делата на 19 НМП автори (другите се или на боледување или на платен одмор во странство!). Музичка позадина во Press to Exit ќе бидат новите и досега необјавени песни на Александар Мијалковиќ - Мијал, додека Отворено Графичко Студио ќе биде електронска експериментална лабораторија (во живо!) на двоецот NDRJ/Ravanski.