● 8 септември 2008 - Среќен нуклеарен празник, наша Меланхолијо!
● 2 јануари 2008 - НМП ќе земе пауза на неодредено време додека работи на нов проект. Во меѓувреме, ѕирнете ги чудесиите собрани во нашиот Журнал!
● 2 декември 2007 - Освежување на сајтот и воскревање на НМП РТВ + каде од вечерва можат да се најдат сите досегашни аудио и видео постројки на НМП.
● 28 ноември 2007 - Од Скопје до Струмица по патот со гавраните, а во потрага по шумската Виленска кобила на Милена Станишлевиќ.
● 11 ноември 2007 - Ноемвриски снегови го преуредуваат скопскиот паркинг простор, разјапувајќи асфалтни усни гладни по новинари и други субјекти додека гличфолк албумот Resized Space на Monospit + Aleksandar Nikov смирено ги прекршува мистериите на лотусовите семиња...
● 7 ноември 2007 - Поднова на Come Fly With Me и Google видео запис од Кирил Шентевски за Улица Скопска!
● 4 ноември 2007 - Најновата кампања на Предозираност од осуди продолжува, овој пат со демаскирање на Центарот за странски јазици, субхелоуински потфат во кој учествуваа и три-четири НМП пројави! За цела листа на учесници, види тука.
● 29 октомври 2007 - Како што некои од вас сигурно забележаа, одморот на НМП некако премина во бирократски циркус од трет вид, ама еве, тука сме, живи и здрави со Среќни полароиди на Ана Јакимска.
● 22 септември 2007 - Од супертркало на хипертркало: Позитивни вибрации!
● 30 август 2007 - По 2 месеци ДМТ одмор низ плажите на Му и Атлантида, НМП се активира со нови дизајни за plagij.at и dnb.com.mk, низа галерии и пар тазе експерименти. За почеток, ѕирнете го постерот за Plagijat Turns 2 и забележете во планерите: 1 септември, сабота, се гледаме на Лизгалиште!
● 28 јуни 2007 - Некои ѕидови имаат уши, а некои слики. Видете каков Печат остави истоимениот проект на ѕидините на МКЦ, а aко тоа не ви е доволно, ѕирнете ги Candyfight и Les Fleurs.
● 20 јуни 2007 - И Марсовците што се кријат од темната страна на месечината можат да видат: јуни е месец на Дамјан! По Simplexity, од денес ги имаме и галеријата 2 х 3 и флеш кампањата - Огромен Весник Лукчето.
● 11 јуни 2007 - Дамјан Цветков-Димит- ров му се приклучува на НМП со избор од неговите најдобри аудио парчиња како Simplexity. Снажна јарост проследена со лаење и гризење по празни балони што најнакрај пукаат е честа практика во неговиот концептуален свет, и има афект во што и да прави (како, на пример, супа од патлиџани или миење садови).
● 28 мај 2007 - Низ пролетниот дожд и мрежата на п*********т песимизам доаѓа нова галерија улична уметност: Streetlog! Веднаш зад нив, апдејти на Триппоп и Centrefolds. Покрај Иван и Сандра, Јован Петрушевски и None! исто така земаат учество во Проект Печат.
● 23 мај 2007 - Иглата го реже својот пат по прастарата грамафонска плоча, а Come Fly With Me и Таа се освежени со дваесетина нови фантазии.
● 16 мај 2007 - Ден за поднова! Amanito, dBau и Zewlean му се приклучуваат на НМП со групната галерија фотки Блиц разгледници за Славој.
● 12 мај 2007 - Космичката тишина за полнење батерии привршува. Flim е подновена, „Слободан Јаќоски“ стои зад флаерот на најновата соработка меѓу Локомотива и МНТ, а Иван Петрушевски и Сандра Георгијевска земаат активно учество во Проект Печат.
● 18 април 2007 - Гласот од Подземното Езеро почна да стивнува, па ред е да го разбудиме одново и тоа со: 1. Галерија за Улица Скопска со 50 нови сликички; 2. Пројава на НМП автори во најновиот број на Балкански Књижевни Гласник; и 3. Плагијат слушалка по повод затварањето на изложбата - четврток, 19 април во Лајка!
● 8 април 2007 - За некои Велигден и кршење вапцани јајца, за некои мал фин роденден, за трети нова страна на myspace, а за нас сите три. Епа со среќа нека ни е денот на сите циркузанти по светов!
● 5 април 2007 - ТВ Крик најавува: “По Велигден, духови што излегуваат од бетонски огледала го напаѓаат Скопје!“ Превод: НМП го слави духот на некогаш големата Улица Скопска (од која денес се останати едвај 100 метри и понекое сеќавање) со двојна изложба во Press2Exit и Отворено Графичко Студио (позади Стара Железничка) од 10 до 19 април! На изложбата ќе настапат 19 автори со (ре)микс од повеќе аудио- визуелни техники (во пакет со жив настап на NDRJ/Ravanski), а пресечени на две во очи на скопската подвоеност меѓу лицето и опачината, меѓу асфалтот и огледалото под него. Благодарност до кураторскиот тим предводен од Line (кои го ко-организираат настанот), a особено до Елена Велјановска чиј текст за изложбата може да го прочитате на клик. До следната тура знаци, ѕирнете ги досегашните групни настапи на НМП >>> 1 2 3
● 26 март 2007 - Додека скопското подземно езеро го засилува притисокот врз Партизанска и околните улици, Гоце Ефтимов ја продолжува борбата со Ѕверот преку галеријата фотографии Небо, земја и луѓето измеѓу.
● 5 март 2007 - “О-хо-хо...“, задоволно се смее зен учителот, “ваби-саби изложба на Елена Стојанова вечерва во 20 часот во Press2Exit..." До зен учителот - Јован Петрушевски со новата галерија тапети, фотографии, монтажи и платна: Трип Поп!
● 28 февруари 2007 - Во земјата на .мк блоговите се раѓа Ново Кино Напредок, посветено на истоименото радио шоу на Канал 103. Бабици на чудото се Иван Петрушевски и Златко Пармаковски. Исто така тазе на култното скопско радио е и емисијата “Каде оди Кина“ на Иван Ивановски и Виолета Качакова што полетува од антените на МТВ секоја среда на полноќ.
● 23 февруари 2007 - Зимската темница напукнува во милијарда кристални сенки и тоа како чисто знаковна ципа: Димитар Петровски конечно му се приклучува на НМП со галеријата фотографии Турист низ вијугите на светлината.
● 16 февруари 2007 - Читанката се фрла назад на труд во проширен НМП состав. „Слободан Јаќоски“ кажува збор-два за НМП и слично во последниот број на Теа Модерна.
● 7 февруари 2007 - А сега три супер вести: 1. Фотките од Пандорина фиока се од вечерва тука; 2. Читанката се шминка под прстите на Сандра и Милош и за некој ден ќе продолжи со производство на знаци; 3. Постерот за „Боли ли?“ е прогласен за најдобар на фестивалот во Ротердам!
● 27 јануари 2007 - Премиера на филмот „Боли ли?“ на филмскиот фестивал во Ротердам. Почести за сите партизани вклучени во работата на филмот па нека падне нешто мало златно, колку да почне годината на десна нога. Постерот за филмот, изработен од „Јаќоски“, е ваш на клик.
● 19 јануари 2007 - Јануари светка како флипер со 5 топчиња што значи дека е таман време за рекапитулација на Visual Noise. Колку за потсетување: на 16 декември 2006, Погон организираше изложба и трибина во Мала Станица на кои учествуваше и НМП. Изложбата беше поделена на три дела: графички дизајн, фотографија и стрип (НМП учествуваше во секоја од нив); и помина како јагода во крем од ванила: супер!
● 10 јануари 2007 - Караванот врви и сред најцрните празници: сите порази се привремени, сите грешки се поправливи. Дури и оние што во огледалото личат на трофеи. Во раната есен 2006 во Скопје гостуваше една изненадувачки жилава и храбра група циркузанти, позната под името Европа. „Планината кај Мухамед, Европа во Скопје,“ шепна некој локален Казанова, а НМП и ТВ Крик веднаш се стрчаа по фотографии и пар интервјуа. Како поклон за Стара Нова година, ви претставуваме дел од материјалите остварени во тој краток временски прозор. Во меѓувреме, се надеваме дека ТВ Крик набрзо ќе успее да ја поврати оштетената снимката од интервјуто со Роман Сарески кое наводно содржи информации за Допелгангер и Мудрите Јарци!
● 30 декември 2006 - НМП го обележува крајот на една заразна и хиперборејски светла година со „Пандорина фиока,“ журкоизложба со мирис на перформанс во соработка со Нора и Глува Соба. Покрај фотки и видеа од настанот, во новата година очекувајте уште многу дигитални импулси, јарешки приказни и физички пројави. Во меѓувреме, среќни празници!
● 20 декември 2006 - Последното издание на Upgrade во организација на Line I+M вклучува и ад-хок проекција на „Циркусот и градот“ во Press to Exit. До следните вести, ѕирнете го сајтот на Емилија Норис.
● 12 декември 2006 - Времето мириса на скршено стакло и изложби! Оваа сабота, 16 декември, во Мала Станица, 12 НМП автори ќе настапат на изложбата Visual Noise под мотото, „Слушам боја, гледам звук“. На изложбата, инаку под капата на Погон, ќе настапат вкупно 22 автори во три фини категории: графички дизајн, фотографија и стрип. Покрај настап со нивни дизајни, браќата Иван и Јован Петрушевски се и делумно одговорни за изгледот на каталогот и промотивните флаери / постери за настанот (види 1 и 2). Друга дигихипи вест: неодамна од печат излезе книгата Graffiti Woman на Николас Ганц која, меѓу другото, фрла светло на ионака пресветлата Елена Стојанова! Ракоплес!
● 4 декември 2006 - Златко Пармаковски го отвара декември со фин Х засек во серијата монтажи и фотографии Come Fly With Me.
● 30 ноември 2006 - Мутант лајфстајл серијата за рекламна самосвест Кликни ме е онлајн.
● 29 ноември 2006 - Прво стик-стикери и колажи, а сега и серија од 7 литографи со зен мотиви: Елена Стојанова ви ги претставува Ваби и Саби. Повеќе инфо на клик.