|
 |
 |
|
 |
Улица Скопска и Подземното Езеро |
|
g |
 |
|
 |
|
Свирката од југото позади пишти, но во ретровизорот за секунда блеска нешто друго, исцртана мечкина шепа што повлекува нагоре! Скопјанецот се буди со мрзливо шлапкање на јазикот, градот тмурен сред раскрсница, навидум ист ко и секогаш. Минато од пожолтени фотографии на север, нешто налик на иднина на запад и мапа-виц со мирис на алва во раце. Скопјанецот се искривува високо-високо над временската оска, ги вдишува четирите годишни времиња со древна шаманска страст и приметува некое чудно стрмно патче што води надолу по раскрсницата, кон некакво течно огледало. За дел од секунда, ние сме таму во блесокот на езерото*, сеништа сред оаза, а потоа пуф! не снемува, никогаш не сме ни постоеле. Вдолж Улица Скопска, улицата дух, југото продолжува да пишти како и секогаш, само сега, како на повик, од маглата се подава и циркус...
* Според некои маалски занесеници, Подземното Езеро е причина за земјотресот од 1963. Фактите велат друго, секако, но тоа не значи дека она џиновско огледало од скопското подземје не се бранува во една или друга форма. Најголемиот трик на двојникот е привидот дека тој не постои.
|
 |
|
|